Решенија

Реални примери за тоа како ding.mk работи во пракса

Најчесто нè прашуваат: „Добро, а конкретно, што работите?" Наместо долги технички објаснувања, подготвивме листа на реални примери на мониторинг и автоматизација што ding.mk веќе ги решава за нашите клиенти. Секое решение подолу е изградено на истата платформа - сензори, правила и автоматска реакција - прилагодена според конкретната потреба.

Примери од пракса

Ова се дел од сценаријата што веќе ги имаме имплементирано - од индустриски погони, преку земјоделство, до станбени објекти.

Мониторинг на системи за ладење

Постојан надзор на температурата во ладилници, комори за длабоко замрзнување и расхладни витрини. При и најмало отстапување од зададениот опсег, системот веднаш алармира - пред да дојде до расипување на храна, лекови или вакцини.

Мониторинг на атмосферски услови

Метеоролошки сензори кои во реално време ги следат надворешната температура, влажност, врнежи и ветер. Податоците се основа за автоматско донесување одлуки во земјоделството, градежништвото и работата на отворено.

Автоматско наводнување

Вентилите и пумпите за наводнување се вклучуваат и исклучуваат автоматски врз основа на влажноста на почвата и временската прогноза - без притоа некој да треба рачно да проверува или отвора нешто на терен.

Автоматско одржување на температура

Виртуелен термостат кој сам ја регулира температурата во простории, стакленици или процесни резервоари - вклучувајќи и исклучувајќи греење или ладење според зададена вредност и толеранција.

Контрола на влажност

Автоматска регулација на влажноста во простории каде прецизноста е клучна - магацини за жито, пивници за зреење на сирење и вино, фармацевтски и лабораториски простории.

Нивоа во резервоари и силоси

Следење на нивото на вода, гориво, ѓубриво или жито во реално време, со инстант известување штом ќе се достигне критично ниско или високо ниво.

Безбедносна детекција

Сензори кои детектираат протекување на вода, појава на чад или опасни гасови и, по потреба, автоматски го затвораат главниот вентил или го исклучуваат напојувањето - пред штетата да стане поголема.

Автоматизација на стакленици

Целосна контрола на вентилација, греење и прихрана според микроклимата во внатрешноста на стакленикот, за постојано оптимални услови и поголем принос.

Паметно управување со енергија

Синхронизирање на најголемите потрошувачи со часовите кога сопствените фотоволтаици произведуваат највеќе енергија, и рано откривање уреди кои трошат повеќе од нормалното.

Го немате вашиот пример на листата?

Ова се само дел од можностите. ding.mk е модуларна платформа која може да се прилагоди на речиси секаков вид сензор, актуатор или процес. Кажете ни што сакате да следите или автоматизирате, а ние ќе ви покажеме како тоа изгледа во пракса.