Нашите достигнувања и признанија
Green Tech Pelagonia Startup Program · 2026
Со голема чест и гордост споделуваме дека ding.mk освои прво место на Green Tech Pelagonia Startup Program, програма на PREDA Plus насочена кон поддршка на иновативни и одржливи бизнис идеи од Пелагонискиот регион.
Green Tech Pelagonia 2026 беше наменета за стартап тимови од 2 до 5 членови, во рана фаза на развој, со фокус на практични технолошки решенија, зелени иновации, одржливо управување со ресурси, агротек, еко туризам, FoodTech и решенија со позитивен еколошки импакт.
Учеството во програмата беше бесплатно, а избраните 10 тима добија можност да поминат низ интензивна менторска програма од јануари до март 2026. Тимовите работеа според Google Sprint методологијата, преку групни и индивидуални сесии насочени кон дефинирање на проблем, обликување на решение, тестирање на пазарна релевантност и подготовка на pitch deck.
29 јануари 2026
Програмата официјално започна со воведна сесија во UKLO COLORS Collaborative Space, CoSpace, во рамки на Студентскиот информативен центар при Универзитетот „Св. Климент Охридски" во Битола. Заедно со останатите селектирани тимови, започнавме едно интензивно и практично стартап патување - структуриран процес со јасен фокус на трансформација на идеите во пазарно применливи и одржливи решенија.
7 февруари 2026
Работните сесии продолжија повторно во UKLO COLORS CoSpace во Битола. Идеите беа предизвикувани, тестирани и доразвиени во одржливи, пазарно ориентирани решенија, преку дополнителни обуки кои опфаќаа теми како бренд стратегија, PR, дигитален маркетинг, продажни стратегии, финансиско планирање и инвеститорска подготвеност.
31 март 2026 · 11:00
Финалето се одржа во UTOPIA Academy во Битола, каде 10 стартап тимови ги презентираа своите идеи пред жири, инвеститори, партнери и претставници од екосистемот. ding.mk освои прво место - потврда дека идеите што се развиваат локално можат да имаат реален пазарен потенцијал, одржливост и пошироко влијание.

Луѓето кои не водеа низ програмата со своето знаење и искуство
Претставници од бизнис заедницата и инвестициониот екосистем
За нас, ова признание е многу повеќе од освоено прво место.
Тоа е потврда дека идеите што се развиваат локално можат да имаат реален пазарен потенцијал, одржливост и пошироко влијание. Горди сме што ding.mk беше дел од првата генерација на Green Tech Pelagonia и што токму на оваа сцена добивме признание за сработеното.
Искрено благодариме до PREDA Plus за организацијата и визијата, до UKLO COLORS и Универзитетот „Св. Климент Охридски" во Битола за просторот и поддршката, до менторите и жирито за насоките и довербата, како и до EBRD и CIF за поддршката на програмата, и до ПроКредит Банка за наградата.
Ова е силен поттик за следната фаза на ding.mk. Продолжуваме со уште поголема одговорност и со јасна амбиција да изградиме решение што носи вистинска вредност.