Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет страната на Количоски ДООЕЛ Битола
Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Количоски ДООЕЛ Битола ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: "корисник") при посета на нејзината интернет страната ding.mk и поддомените (понатаму: "интернет страна").
Количоски ДООЕЛ Битола е Друштво за производтво, услуги и трговија на големо и мало со Седиште на Ул. Широка 34, 7000, Битола, со Е.М.Б.С 7520980 и Е.Д.Б 4002021563649, (понатаму: „Количоски ДООЕЛ Битола")
Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страна и не се однесува за личните податоци што Количоски ДООЕЛ Битола ги собира од своите корисници на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други интернет страни, до кои пристапувате преку нашата интернет страна.
Кои информации ги собираме?
За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува. При посета на интернет страната, Количоски ДООЕЛ Битола ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страна, заради користење на нашите услуги и производи, електронски нарачки, електронско плаќање, наградни игри, анкети.
Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:
- име и презиме
- e-mail адреса
- адреса
- телефон за контакт
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Количоски ДООЕЛ Битола не го обработува единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ). Согласно чл. 9 од Законот за заштита на лините податоци: Матичниот број на граѓанинот може да се обработува само: по претходна изречна согласност на субјектот на лични податоци; за остварување на со закон утврдени права или обврски на субјектот на лични податоци или контролорот и во други случаи утврдени со закон.
За кои цели се користат собраните податоци и информации?
Количоски ДООЕЛ Битола ги обработува Вашите лични податоци за:
- извршување на нашите услуги кон Вас.
- овозможување на online користење на нашите услуги и производи, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка.
- администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа.
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.
На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на Вашите лични податоци Количоски ДООЕЛ Битола ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Вработените во Количоски ДООЕЛ Битола се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. Количоски ДООЕЛ Битола применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Согласно чл. 12 од Законот за заштита на личните податоци, Субјектот на лични податоци може да побара од контролорот да го информира: дали се врши обработка на неговите лични податоци; за целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци; за личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци и за логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз субјектот на лични податоци. Контролорот е должен да одговори на субјектот на лични податоци во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.
Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.
Времетраење на чувањето на податоци
Ги чуваме вашите податоци се додека одредената цел за која е прибавена е задоволена или се додека сме законски обврзани да го правиме тоа. Вашите податоци се чуваат за историски архиви, но не се употребуваат на ниеден друг начин што не е објаснет во оваа политика за приватност.
Други информации
Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страната од корисниците, Количоски ДООЕЛ Битола може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификуваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната. Таквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси и слични информации.
Количоски ДООЕЛ Битола го задржува правото да ги користи IP адресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки. Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
Офицер за заштита на податоци
За какви било прашања околу политиката за приватност и барања за бришење на вашите лични податоци од нашата страна, можете да се обратите кон офицерот за заштита на лични податоци:
Офицер за заштита на лични податоци: Благојче Количоски
Телефонски број: +389 78 292 942
Електронска пошта: [email protected]
Прифаќање на условите
Со продолжување на пристапот и користењето на оваа интернет страна, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, ве молиме да го прекинете пристапот до интернет страната.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
Количоски ДООЕЛ Битола има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на интернет страната најмалку 10 дена пред да стапат во сила.
Датум на ажурирање: 04.03.2026
Политика за колачиња на интернет
Оваа Политиката за колачиња на интернет го уредува начинот на кој Количоски ДООЕЛ Битола ги користи колачињата на интернет при посета на нејзината интернет страната ding.mk и поддомените (понатаму: "интернет страна").
Колачиња ("cookies") се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.
Со помош на колачињата Количоски ДООЕЛ Битола го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната.
Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.
Количоски ДООЕЛ Битола користи неколку видови на колачиња при работењето на интернет страната:
- Неопходни колачиња: колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страната, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки.
- Колачиња за аналитика: колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.
- Функционални колачиња: колачиња кои овозможуваат подобра функционалност и персонализација на содржината на веб-страната. Тие можат да бидат поставени од страна на Количоски ДООЕЛ Битола, или пак од трети страни, чии услуги сме ги овозможиле на веб-страната. Доколку не се согласите со користење на овие колачиња, некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.
- Колачиња за маркетинг: колачиња кои можат да бидат поставени преку веб-страната од страна на надворешни партнери. Партнерите може да ги користат колачињата за да Ви покажат релевантни реклами на други веб-страни. Тие директно не ги зачувуваат Вашите лични податоци, туку се насочени кон идентификување на Вашиот интернет пребарувач и/или интернет-уред.
Со посетата на интернет страната посетителите може да направат избор кој тип на колачиња сакаат да бидат зачувани на интернет пребарувачот, преку поставките за колачиња. Со кликање на копчето "Прифати колачиња" или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани во овој документ.
Во поставките на својот интернет пребарувач корисниците може да изберат да пребарувачот да ги одбие или избрише колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од интернет страната може да не функционираат како што е предвидено.
Ремаркетинг
Количоски ДООЕЛ Битола информациите кои ги собира преку користењето на колачиња ("cookies"), ги користи за ремаркетинг преку Google AdWords и Facebook, односно за свое рекламирање на други интернет страници кои ќе ги посети корисникот, врз основа на претходна посета на интернет страната и обезбедена согласност за оваа активност.
Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет прелистувачот кој го користи корисникот. DoNotTrack ("DNT") е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот интернет пребарувач да ги информира интернет страниците дека неговото движење на интернет не сака да биде следено.
